Македонија не се снабдува со гас од линијата во Украина, прекинот нема да се одрази во земјава

Од:

Сопирањето на една од двете клучни линии за дистрибуција на руски гас во Европа кои минуваат низ Украина, нема да се одрази на снабдувањето со гас на земјава, уверуваат од Владата. Украинскиот систем за пренос на гас денес го прекинува преносот преку влезната точка Сохранивка, поради, како што објаснија „виша сила“.

„Република Северна Македонија не се снабдува со гас од гасоводот кој минува низ Украина. Во таа насока сакаме да истакнеме дека количините кои се неопходни за нашата држава се обезбедени од  компаниите кои вршат дистрибуција на гас во нашата земја. Нема простор за грижа од недостиг на гас“, рече владиниот портпарол Муамет Хоџа.

Сохранивка е една од двете клучни точки за снабдување со руски гас во Европа. И покрај руската инвазија која почна на 24 февруари, Украина останува важна транзитна рута за пренос на руски гас во Европа.

Украинскиот систем за пренос на гас ГТСОУ објави дека не може да продолжи со работа на компресорската станица Новопсков поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“.

Компресорската станица Новопсков во областа Луганск, источна Украина е под контрола на Русија, веднаш по почетокот на инвазијата. Тоа е првата компресорска станица во Луганск, транзитна рута за околу 32,6 милиони кубни метри гас дневно, една третина од рускиот гас што се транспортира во Европа преку Украина.

Би можело да ве интересира

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Путин: Нема време да се потпише нов договор за транзит на гас со Украина

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година