Македонија лидер за водење бизнис во Југоисточна Европа

Од:

Македонија е рангирана на високата 23. позиција од вкупно 185 земји во најновиот извештај „Дуинг бизнис“ за 2013 година што синоќа го објави Светска банка.

Како што соопшти денеска на прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, согласно извештајот Македонија останува лидер за водење бизнис во регионот и е на петто место во светски рамки според вкупните реформи од 2005 до 2012 година.

– Извештајот на Светска банка покажува дека Македонија е во групата земји далеку економски поразвиени од неа. Германија е на 20. место, а Јапонија е зад нас на 24-тото. Оттука е евидентно дека сме ги достигнале нивните стандарди, изјави Ставрески.

Владата, додаде, е задоволна од постигнатиот резултат што го регистрира Светска банка, особено ако се земе предвид дека е констатиран напредок во однос на реформите и водењето на економските политики.

Годинава според „Дуинг бизнис“ сме далеку пред Словенија, која е на 35. место, Црна Гора е 51-ва, Бугарија 66., Турција 71., Романија 72., Грција 78., Хрватска 84., Албанија 85., Србија 86., Косово 98., а Бих е на 126-то место.

Согласно Извештајот, Македонија бележи прогрес за 20 места во однос на приклучокот за електрична енергија, индикатор во кој лани бевме најлошо рангриани на 121-во место.

И кај останатите индикатори има поместувања за едно до две места нагоре или надолу што значи, посочи министерот, дека повеќе или помалку се задржани ланските позиции.

Ставрески напомена дека Владата спроведе неколку реформи и мерки и по датумот на затворањето на „Дуинг бизнис“, во делот на приклучокот за електрична енергија, и во однос на измените на законите за договорен залог, за даночна постапка, за административни такси,…. Сите тие ќе се рефлектираат во резултат следната година кога се очекува уште една потврда за доброто работење.

– Независно од забележаните подобрувања, има простор за натамошен напредок во секоја од спомнатите области, приклучокот за електрична енергија, добивањето на дозволите,… Владата уште утре ќе продолжи со работа, ќе ги анализира искуствата на земјите што се пред нас за да видиме каде нешто може да се подобри, да се имплементира тука, подвлече вицепремиерот и министер за финансии.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница