Македонија и Косово заедно ќе аплицираат за прекугранични проекти за развој на туризмот

Од:

Пограничните региони на Македонија и Косово заедно ќе аплицираат за грантови во европските фондови за развој на туризмот. Ова е договорено на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и косовскиот министер за регионален развој Расим Демири на која стана збор и за продлабочувањето на соработката меѓу двете земји во областа на рамномерниот регионален развој.

– На средбата ги споделивме искуствата и начинот како во Република Македонија се финасираат регионите со цел да бидат еднакво развиени. Договоривме пограничните региони заедно да аплицираат во фондовите на ЕУ за добивање грантови за развој со цел да се креираат нови работни места и да се привлечат туристи, посебно во регионот на Шапка и Брезовица и Липкови и Гњилане, изјави Бектеши по средбата.

Министерот Демири посочи дека изградбата на автопатот кон македонската границата покажува дека Косово сака да има соработка со Македонија на сите нивоа.

– Денешната посета е многу значајна и секое искуство пренесено од македонска страна за нас е многу корисно. По денешниот состанок во Скопје ќе формираме работни групи кои ќе работат на заеднички европски проекти финансирани преку ИПА програмата во областа на туризмот. Се надевам дека наскоро ќе потпишеме и меморандум за соработка, рече Демири.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски