ВИДЕО: Македонија и Иран ќе ја продлабочуваат трговската соработка

Од:

Стопанствениците од Иран ја гледаат Македонија како порта за влез во регионот и другите земји од Европа. Од друга страна Иран со својата географска положба и поминувањето на главните светски трговски копнени и морски патишта низ земјата или во нејзина близина, како и копнените и водните граници со 15 земји нуди големи можности за македонските компании.

Ова, на денешниот бизнис форум во Стопанската комора на Македонија и деловни средби со бизнис делегација од Исламската Република Иран го порача претседателот на Иранската комора за трговија, индустрии, рударство и земјделство, Голам Хосеин Шафеи.

Тој посочи дека трговската размена меѓу двете земји е симболична и нагласи дека треба да се поведе иницијатива за олеснување на визниот режим и да се потпишат договори за олеснување на царинските процедури.

– Неопходно е да искористат соодветните можности и капацитети за да се поттикнат односите меѓу двете земји, рече Шафеи и додаде дека лани Македонија увезла стоки од Иран во вредност од 4,76 милиони долари, а извезла за 401.000 долари.

Можност за соработка со Иранската стопанска комора, која има повеќе од 60 членки, 34 локални комори и повеќе од 200 здруженија и организации, потенцира, има во техничките и инженерските услуги, изградба на електрани, патишта, мостови, информатичка технологија, поморска инфраструктура, воздухоплвна индустрија, изградба на рафинерии, производство и преработка на нафта, гас и петрохемиски производи, медицинска и фармацевтска опрема, рударство, сточарство, земјоделство и градежна опрема.

– Предлагаме соработка меѓу прватниот сектор на двете земји со формирање на заеднички компании со цел да се произведе стока со заедники бренд и да се извезува во регионалните земји, рече Шафеи и додаде дека се надева на поддршката од Македонија за вклучување на Иран во СТО.

Претседателот на Стопанската комора на Мкедонија, Бранко Азески посочи дека Иран со своите 80 милиони, а заедно со поширокиот пазар од своето опкружување 400 милиони жители е еден од најголемите регионални светски играчи и претставува предизвик за секој бизнис, компанија и држава. Тоа, како што кажа, е земја со силни развојни потенцијали и можности и со силна суровинска структура и не случајно е цел на интересите на сите европски земји.

– Иран е наш традиционален партнер со кој одржуваме односи од 1993 година, но далечината и различните регионални војни го прави своето. Мислиме дека сега е моментот да направиме исчекор и да се интензивира соработката, рече Азески и додаде дека постојат можности за соработка со Иран во многу области, бидејќи е една од ретките земји која има изедначен баланс на услуги и на индустрија во формирањето на БДП.

Досегашната соработка, истакна, е на многу ниско ниво. Затоа, како што кажа, е неопходна размена на информации, посета на саемските манифестации, видеоконференциски врски, Б2Б средби, како и да се разгледа можноста за отворање дипломатско преставништво на Македонија во Иран.

– Денеска договоривме да одржуваме денови на Иран во Македонија и обратно – денови на Македонија во Иран. На тој начин ќе имаме директна конекција со иранските компании, рече Азески и ги повика стопанствениците од Македонија да ги продлабочат своите бизнис врски со Иран.

Во таа насока беше потпиша меморанум за соработка меѓу двете комори и беа организирни Б2Б средби со бизнис делегацијата од Иран.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани