Македонија 33-та во светот според индексот на економски слободи

Од:

Македонија е рангирана на 33. место во светот, а на 17. во Европа според индексот на економски слободи за 2019 година што го изработува Херитиџ фондацијата.

Во извештајот се наведува дека Македонија и натаму е макроекономски стабилна земја, а на домашните економски перформанси влијаела политичката криза. Како главни забелешка се посочуваат нивото на сивата економија што опфаќа меѓу 20 и 45 проценти од БДП, непродуктивните јавни трошоци, како и тоа дека постои законска рамка, но има слабост во имплементацијата. Потребни се и структурни реформи кои ќе се насочат на борбата против корупцијата и гломазната администрација.

Македонија е најдобро рангирана од земјите во регионот. По неа се Бугарија на 37, Косово 51, Албанија 52, Словенија 58, Србија 69, БиХ 83, Хрватска 86, Црна Гора 92 и Грција 106.

Земји со најголеми економски слободи се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија, а најлоши се Зимбабве, Конго, Еритреја, Куба, Венецуела и Северна Кореја.

Со извештајот на Херитиџ се опфатени 180 држави во светот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Приведен возач од Крива Паланка, управувал возило со брзина од 142 км на час на место каде е дозволено 70 км на час

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

Меџити: „Влен“ станува партија од наредната недела, Таравари се самоисклучи од коалицијата

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Левица: Директорот сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар