„Македонија 2025“ организираше посета на студентите на ТИРЗ

Од:

Студенти од Економскиот, Машинскиот, Природно-математичкиот и Филолошкиот факултет и Универзитетот Американ Колеџ со помош на организацијата „Македонија 2025“ ги посетија Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони и фабриката Џонсон Мети.

Посетата е дел од образовната програма „Мотивирање на иднината“ на „Македонија 2025“ чија цел е да ги запознае студентите со некои од најуспешните компании во Македонија, нивните активности, како и основните вредности кои тие ги бараат од своите вработени.

На средбата со директорот на Дирекцијата за Технолошко-развојни зони Виктор Мизо студентите се запознаа со развојните зони во Македонија и бизнис концептот со кој тие работат на привлекување странски директни инвестиции. Мизо ги информира дека според ФДИ Магазине македонските зони се рангирани во топ 50 слободни зони на иднината во светот, а според ФДИ Интелигенc, една од инвестициите во македонските зони, односно Дрекселмаер во Кавадарци е прогласена за најдобар производствен капацитет во светот.

Во Џонсон Мети, на студентите им беа презентирани главните активности на компанијата и производите што ги изработуваат. Притоа од страна на генералниот менаџер Џатин Такрар им беше укажано дека рангирањето на компанијата меѓу најдобрите три во рамки на групацијата се должи на квалитетните производи, навремената испорака и на енергичната работна сила.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката