Луксузниот „Лукан Хиперспорт“, вреден 3,4 милиони евра, веќе доби 100 порачки

Од:

Компанијата „W Motors“, и покрај цената од 3,4 милиони долари,  до сега има примено повеќе од 100 порачки за нивниот суперавтомобил „Lucan Hypersport“.

Судејќи според почетниот интерес на купувачите, што далеку го надминува проектираното производство од само седум примероци, моделот „Lucan Hypersport“ ќе биде вистински продажен хит.

Претседателот и извршен директор на компанијата „W Motors“,Ралф Дебас, изјави дека предност кај испораката на првите неколку автомобили ќе имаат купувачите од Блискиот исток, иако до сега порачки стигнале и од Русија, Кина, САД.

Тој потврди дека дефинитивно ќе бидат направени повеќе од планираните седум автомобили.

Моделот  „Lucan Hypersport“ прво ќе почне да се изработува во Торино. „W Motors“ планира подоцна производството да го премести во Дубаи, Абу Даби или Доха.

Блискоисточниот суперавтомобил, што привлече големо внимание кај богатите купувачи ширум светот, беше претставен на крајот на јануари 2013 година на салонот на автомобили во Катар.

Опремен е со мотор со 750 КС, од 0 до 100 километри на час стигнува за 2,8 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 395 километри на час.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска