„Луфтханза“ откажа околу 500 утрешни летови поради штрајк

Од:

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ откажа околу 500 летови ва линии низ Европа, кои беа планирани за утре, поради најавениот еднодневен жтрајк на вработените во компанијата.

Синдикатот на персоналот на „Луфтханза“, Фер.ди го организра утрешниот шрајк како мерка на притисок врз раководството на компанијата во пресрет на новиот круг преговори за зголемување на платите на вработените.

Фер.ди соопшти дека кон штрајкот ќе се приклучат вработените на „Луфтханза“ на повеќето германски аеродроми, меѓу кои и оние во Франкфурт, Берлин, Хамбург и Минхен.

Штрајкот се организра пред преговорите меѓу раководството на „Луфтханза“ и Фер.ди, закажани за в петок, на кои ќе стане збор за барањето на синдикатот за зголемување на платите на околу 33.000 вработените во компанијата за 5,2 проценти од 2014 година.

Од друга страна, раководството на „Луфтханза“ е против ваквата идеја и предлага замрзнување на платите до јануари 2015 година и продолжување на работната недела за уште еден час, како мерки за намалување на трошоците.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран