„Луфтханза“ откажа 90 летови поради штрајк

Од:

Германската национална авиокомпанија „Луфтханза“ денеска откажа 90 летови поради штрајк на аеродромското обезбедување.

Синдикатот „Верди“ организира штрајк и ги повика вработените во обезбедувањето на аеродромите во Франкфурт, Берлин и Дизелдорф од раните утрински часови до пладне да се вклучат на предупредувачкиот штрајк.

„Верди“ бара продолжување на договорите за работа и намалување на работните смени за службениците на аеродромите, се наведува во соопштението.

Штрајкот дополнително ја влошува и без тоа тешката ситуација, бидејќи од изутринава се откажани повеќе од четвртина од летовите од аеродромот во Франкфурт поради снежни врнежи, додека „Луфтханза“ откажа најмалку 258 летови.

Би можело да ве интересира

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови