Лондон е најбогатиот град во Европа

Од:

Најновите истражувања покажаа дека Лондон е најбогатиот град во Европа, а меѓу првите десет се наоѓаат Братислава, Прага и Виена.

Според ранг листата на „Еуростат“ најбогатите региони во ЕУ за 2010 година, која е направена на основа на регионалниот доход по глава жител изразен според европските стандарди за куповната моќ, најбогатиот регион во Европа е централниот дел на Лондон со големите финансиски центри.

Тој регион остварил 328 отсто од просечниот европски БДП. На второ место е Луксембург како следечки финансиски центар со 266 отсто, додека Брисел го зазел третото место со 223 отсто.

Во исто време, најсиромашни региони во Европската унија, кои се под 75 отсто од регионалниот европски просек се Полска, Чешка, Грција, Романија и Унгарија.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана