ЛГ планира да престане со производство на телефони

Од:

Корејскиот производител ЛГ Електроникс може да го напушти производството на паметни телефони, откако загуби околу 4,5 милијарди долари во тој бизнис во изминатите пет години, пишува Кореја Хералд.

Извршниот директор на ЛГ, Квон Бонг-Сук испрати порака до вработените во која наведува дека може да следат големи промени во сегментот на паметни телефони.

„Без оглед на какви било промени во насоката на бизнисот со паметни телефони, вработените ќе ги задржиме, така што нема потреба да се грижите. Како што се интензивира конкуренцијата на глобалниот пазар на мобилни телефони, време е ЛГ да го направи најдобриот избор“, рече менаџерот на ЛГ.

Тој во пораката додава дека компанијата ги разгледува сите можни мерки, вклучувајќи продажба, повлекување и намалување на бизнисот со паметни телефони.

Кога ја презеде функцијата во јануари минатата година, извршниот директор Квон вети дека ќе направи пресврт во бизнисот со паметни телефони.

Би можело да ве интересира

Vivo Y76 5G – еден од најновите напори на Vivo да донесе 5G во уредите од средна класа

Ана Ололовска

Познавачите предвидуваат: Паметните телефони ќе исчезнат за 10 години

Ана Ололовска

„Ел-џи“ паметните телефони, најверојатно, заминуваат во историјата

Ана Ололовска

Самсунг и Ел-Џи преговараат за индустриска соработка

Ана Ололовска

Невладините бараат ЕУ да го регулира животниот циклус на смартфоните

Ана Ололовска

Најинтересните карактеристики на Самсунг Галакси Ес10, Галакси Ес10 + и Галакси Ес10e

Сандра Бошковска