Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

Од:

„Скандалозната пракса на АД ЕСМ продолжува. Откако театрално го раскина договорот со „Марковски“ под сѐ уште не докажан сомнеж за корупција и криминал, АД ЕСМ со брзина на светлината, по пат на директни преговори без оглас склучи нов договор за ископ на јаглен во РЕК Битола со „Топлина“. Дури и за неупатените во проблематиката, кристално е јасно дека власта под превезот „15% пoевтино“ користи јавни ресурси за да додели набавки на блиски фирми“ соопштија денеска од Левица.

Од партијата прашуваат „Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“? Која е втората компанија што и конкурирала на „Топлина“?. Дали ова е уште еден пример на клиентелистички договор кој ги заобиколува сите регуларни процедури за јавни набавки? Имаме ли во државава Обвинителство и Комисија за спречување корупција? Кој следен ќе вози Ферари во Монако?“

„Очигледно е дека енергетскиот сектор наместо да се раководи од принципите на транспарентност и одговорност кон граѓаните, служи како алатка за богатење на поединци. Ваквите договори, направени зад затворени врати, фрлаат сомнеж за корупција и недомаќинско управување со јавните средства. Токму поради ваквите бизнис зделки, Владата предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ има намера да ја укине обврската за транспарентно објавување на јавните набавки“ велат од Левица.

Партискиот став е дека „поради нефункционалните институции не смееме од останеме неми посматрачи на бескрајната низа привилегирани договори за богатење на бизнис кликата блиска до власта. Бараме итна ревизија на овој и сите други договори од ваков тип! Злоупотреба на јавните ресурси за лично богатење потребно е да биде прекратено“.

Би можело да ве интересира

Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

А1он

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ