Левица: Зголемувањето на акцизата за нафта е регресивна мерка, несериозни се тврдењата дека ќе го намали загадувањето

Од:

„Зголемувањето на акцизата за нафта според Левица, е погрешна мерка и во однос на економијата и во однос на заштитата на животната средина. Враќањето на евтината тарифа за струја и укинувањето на радиодифузната такса беа само чекор за предизборен маркетинг на СДСМ кој отвори дупка во буџетот на владата. Сега, со покачување на акцизата за нафта за 3,5 денари и со новиот тарифник за вода од страна на регулаторната комисија (при што ќе се зголеми цената на водата) се компензира намалувањето на буџетот на сметка на граѓаните.

Несериозни се тврдењата дека покачување на цена на дизелот ќе го намали загадувањето. Покачувањето на цена на дизелот најмногу ќе ги погоди земјоделците, чии што машини за обработка на земја се потрошувачи на нафта. Возила кои користат дизел користат голем дел од понеимотните граѓани баш поради ниската цена на дизелот.

Владата не треба да задира вo џебот на работниците и осиромашените граѓани, туку буџетот да го полни од џебот на бизнис елитите, кои, за разлика од нив, можат тоа да си го дозволат. За жал, не можеме да очекуваме Влада во која што партиципираат бизнисмени и милионери да застанат на страна на интересот на работникот.

Оваа мерка е регресивна, а не прогресивна, бидејќи, процентуално, повеќе ќе го погоди домашниот буџет на посиромашните граѓани одколку на побогатите. Сумата на зголемените средства што ќе ги плаќа сиромашниот граѓанин нема да е пропорционално помала од таа што ќе ја плаќаат побогатите, во однос на примањата/имотот.

Мерката на коалициската влада на СДСМ-ДУИ е во директна спротивставеност со ветеното во однос на економско прогресивните мерки. Неморално е да се искористува народната огорченоста поради огромното хронично загадување, заради ситни политикански игри“ се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Власта да почне со реформи и утре да го гласа предлогот на Левица за кривична одговорност за судиите

А1он

Левица: Пратениците да го поддржат предлог-законот за укинување на двојазичните декларации

А1он

Левица: ЕВН легално ги краде граѓаните преку сметките за струја

Предраг Петровиќ

Левица: Владата дозволува граѓаните да плаќаат повисоки цени за истите производи во однос на ЕУ

Катерина Ѓуровски

Левица: Власта да ги врати казните за функционерите, ако не ќе бараме построги казни и незастарливост

Левица: Еколошки геноцид врз Охридското Езеро, Владата го жртвува јавниот интерес за коруптивен бизнис

Горан Наумовски