Левица: Трошоците за „Бехтел и Енка“ ќе го изедат македонскиот буџет

Од:

Агенцијата за рејтинг „Фич“ предупредува на можни негативни последици од скандалозниот проект за Коридорот 8 и 10Д, иако го потврди кредитниот рејтинг кој е далеку од инвестициски. За оваа година, агенцијата проектира забавен раст на БДП до 1,9 отсто и укажува дека проектот на „Бехтел и Енка“ ќе раскрчмува по два отсто од БДП во следните пет години велат од Левица.

– Дополнителните трошоци, поврзани со изградбата на автопатите ќе го зголемат буџетскиот дефицит, па затоа „Фич“ препорачува приспособување на трошоците и нови мерки. И покрај бурните реакции во јавноста за номинирањето на контроверзниот американско-турски конзорциум „Бехтел и Енка“ како стратешки партнер за имплементација на проектите, власта ги протна законите за целите на овој проект по скратена постапка. Со тоа се овозможуваат низа даночни, царински олеснувања и привилегии, работно време дури и по 60 часа неделно, а се става во опасност од уништување и археолошкото и културното богатство на Македонија. Покрај тоа, треба да се изврши експропријација на повеќе од 50 отсто од земјиштето кое е во приватна сопственост, со што ќе се пролонгираат роковите и ќе се зголеми цената на чинење на проектот.Имајќи ја во предвид досегашната реализација на капитални инвестиции, неспособната власт која на почетокот најавуваше 500 – 800 милиони евра за изградба на делниците, сега веќе проценува дека се потребни над 1,3 милијарди евра. Буџетот дополнително ќе биде оптоварен ако проектите не се финализираат за 4,5 години, како што се случи и со многу други инфраструктурни проекти, за кои народот плаќа огромни пенали, камати и провизии, поради неспособноста на корумпираната власт. Левица поднесе и Иницијатива до Уставниот суд, алармирајќи на бројните негативни ефекти од изградбата на Коридорите 8 и 10д. Овој проект, исклучиво е во функција на незаконското работење на власта предводена од ДУИ и спротивен е на јавниот интерес на Македонија, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Веќе нема да требаат ни сертификати за странски јазик директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Левица: Максим со поддршка од ДУИ му намести бонбона ДУП на својот кум

Катерина Ѓуровски

Левица: Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност

Катерина Ѓуровски

Мециновиќ: Љутков нема одговор за непочитувањето на Законот за македонски јазик

А1он

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија