Летовите со Виз Ер за 9 и 18 евра

Од:

Унгарската авиокомпанија “Виз Ер“ со субвенции од Владата денеска најави летови кон шест нови дестинаации од Македонија по цени кои во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе се движат од 8,99 евра до 17,99 евра.

Од 28-ми октомври годинава Визер треба да почне со летови од Скопје кон Дортмунд и Ајнховен, а цената на билетите кои се веќе во продажба во еден правец со вклучени такси ќе изнесува 12,99, односно 17,99 евра.

Двапати неделно унгарскиот авиопревозник ќе сообраќа кон Малме, Милано и Минхен од 29 октомври, за каде билетите ќе чинат по 17,99 евра и 8,99 евра. Трипати неделно “Виз Ер“ ќе лета до Базел од 30 октомври, а цената на билетот е, исто така, 17,99 евра. Од следното лето, според Стивенсон, “Виз Ер“ ќе воведе летови и кон Брисел, а се размислува и за Рим и Барселона зависно од потребите на граѓаните.

Според најавите, ќе се вработуваат лица од Македонија вклучувајќи го и пилотскиот кадар кој првично ќе биде од странство.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран