Ал Џезира Балкан – Сараево
Во Хрватска минатата година почна пракса на т.н. единствена регистрација на возилата. Се работи за работа на автомобилските куќи која се сведува на тоа да се увезуваат автомобили од производители по ефтина цена и потоа да се продаваат во други земји на ЕУ по повисока цена, која на тамошниот купувач исто така се исплати.
Разликата во цената е заработката, а работата е легална токму поради праксата на еднодневна регистрација на возилата. Наспроти тоа, тоа е своевидна сива зона и авто-куќите за таа тема молчат. Имено, цената на автомобилите, било европски или на пример јапонски, посебно се одредува за секоја земја, а на нивно одредување влијаат низа фактори, од даноците до стандардот на граѓаните.
Цените зависат од стандардот, даноците…
Автомобилите во Хрватска токму од тие причини се меѓу најефтините во земјите на ЕУ, па на дилерите им се исплати возилата да ги увезуваат и потоа да ги продаваат на побогатите пазари на ЕУ. Како што објасни Дарин Јанковиќ од дирмата Јато Динамикс, еден водечки светски доставувач од автомобилската индустрија, цените за Хрватска се ниски од повеќе причини. Многу се високи трошоците за автомобилите, притоа се мисли на таксите и ДДВ од 25 отсто, а во споредба со добар дел на земји членки на ЕУ, платите на граѓаните се релативно ниски. Секако предвид се зема и големината на пазарот.
Меѓутоа, кај праксата на препродавање на возилата во други земји по повисоки цени, важна е токму еднодневната регистрација на возилата бидејќи како што објасни Јанковиќ, хрватските увозници имаат забрана за извоз на автомобили увезени по хрватски цени во трети земји.
Разликата во цената е мала, но количините се значителни
– Токму затоа понекогаш автомобилите еднодневно се регистрираат. На тој начин се покажува дека автомобилот е продаден во Хрватска, така купувачот може да биде мирен, а потоа автомобилот се дерегистрира и се праќа во трета земја. Ако трошоците за еднодневната регистрација се ниски, а увозната цена на автомобилите во трета земја е висока, тоа се исплати – разликата ја делат трговецот во Хрватска и увозникот на тој автомобил некаде во ЕУ – објаснува Јанковиќ.
Што се однесува до заработката, разликите во цените се минимални како што вели Хрвоје Томиќ главен уредник на списанието Аутоклуб.
– Веројатно за просечен автомобил се работи за иснос од 50 до 100 евра, но количините се големи. Само во една препродажба кон крајот на минатата година, на тој начин на трговец од ЕУ се испорачани 200 автомобили – вели Томиќ.
Возилата притоа, објаснува тој, се продаваат како нови, бидејќи за автомобили во земјите на ЕУ да се признати како користени, мора да бидат постари од шест месеци и да имаат поминато најмалку 6.000 километри.
Притоа државата не е оштетена бидејќи во буџетот влегуваат нешто малку пари од такси, заработката и увозникот, па се собираат пари и од данокот и придонесите. Но, Јанковиќ потенцира дека тоа е многу малку.
Пумпање на резултатите
А гледајќи генерално, се работи за негативен начин на заработка и пумпање на резултатите, т.е. пумпање на бројот на возилата продадени во Хрватска.
– Од неточни податоци на матичниот пазар за таква продажба никој нема корист, освен увозникот, државата зима малку, ништо не зимаат дилерите, нема заработка од сервиси, осигурување и се друго – вели Јанковиќ.
Сепак, Јанковиќ вели дека реизвозот кај многу увозници се уште не земал голем замав, па поради тоа очекува дека нема ни да земе. За разлика од Словенија, чии дури 30 отсто од пазарот беше од реизвозот. Но, потенцира дека и таму сега тој тренд се намалува.
Словенија рекордер
Како што вели Аган Бегиќ од агенцијата Промоција Плус, која меѓу другото се бави и со истражување на пазарот, токму Словенија бележи најголем удел на одјавување и износи на возила во други земји на ЕУ и оваа појава таму осто така трае од самиот влез во ЕУ, иако како што вели интензитетот се зголемил во последните неколку години.
Според податоците на Промоција Плус, лани хрватскиот пазар на нови возила пораснал за 22 отсто. Но, сосема сигурно во тоа имаат удел и возила кои се обработени на овој начин. Сепак, Бегиќ потенцира дека не се работи за голем удел со оглед на вкупниот волумен на пазарот. – Според наши проценки, уделот на овие возила кои сопственици најдоа во други земји, сеуште е многу низок, се движи од максималните 3 до 4 отсто. За оваа година може да се очекува нешто поголем удел, т.е. значајна контрибуција на овие возила на нашиот пазар – вели Бегиќ.
Производителите не трпат штета
Бегиќ вели дека оваа пракса на самите производители краткорочно не им наштетува, бидејќи добиле реална цена на возилата од хрватскиот пазар, која хрватските трговци ја платиле според цената која ја утврдил производителот.
Поради тоа нема ни опасност, на пример на оваа појава производителите да одговорат со зголемување на цената на возилата.
Бегиќ објаснува дека хрватскиот пазар е многу мал во европски рамки, има 30.000 продадени возила во 2014 година во Хрватска, иако се работи за раст, тоа е помалку од 3 отсто од вкупната ланска продажба во ЕУ, која изнесувала 12 милиони нови возила.
– И нашите неколку стотини возила кои може и да завршат во гаражи надвор од Хрватска се како капка вода во када наполнета до врв. Кога таа појава би била позразена, тогаш тоа може да биде опасност производителите да ја зголемат цената на своите возила за пазарите, како што се нашиот или словенскиот – вели Бегиќ.
Слабеење на сопствената сервисна мрежа
Опасност од тоа нема смета и Сандра Микулчиќ, уредничка на Ауто прилогот на Вечерњи лист и магазинот АутоСтил.
– Не штети на самите производители, но веројатно увозникот за земјата во која влегуваат такви сиви автомобили, се буни поради влегување на негова територија – вели Микулчиќ.
Но, таа го потенцира проблемот што со помала продажба на новите автомобили во Хрватска, има помалку автомобили кои ќе влезат во овластените сервиси.
– Производителите на некои марки таа пракса воопшто не ја одобруваат, што значи и дека во Хрватска со реизвоз не се бават застапници на сивите марки. Реизвозот е легален, но прашање е колку на долг рок е паметен бидејќи на тој начин застапниците на некои марки ја слабеат сопствената сервисна мрежа – вели Микулчиќ.
Конечно, наспроти растот на бројот на продадените автомобили во 2014 година, сите соговорници се согласуваат дека не може да се зборува за јакнење на пазарот.
Пазарот се уште не зајакнува
– Бројките растат поради флотата која ја купуваат големи компании и држави. Граѓаните слабо купуваат нови автомобили – вели Микулчиќ.
– Ако јакнењето на пазарот се мери со зголемениот број на возила кои ги купуваат физички лица, тогаш нашиот пазар сеуште не почнал да зајакнува. Имено, лани забележавме пад на продажбата во оваа група на купувачи – вели Бегиќ.
Томиќ тоа го илустрира со податоци дека продажбата на возила на фирми моментално е дури 67 отсто од пазарот на нови автомобили, па од речиси 34.000 продадени автомобили, во раце на приватни купувачи завршиле само 11.195 возила, што потенцира дека е недоволно да се зборува за јакнење. Јанковиќ исто така истакна дека знак за заживување на пазарот ќе биде зголемена продажба во retail, т.е. купување на автомобили од страна на граѓаните во салоните за автомобили.
– Секако и растот на продажбата на комерцијалците кој секогаш е мерка за раст на стопанството. Лично сметам дека треба да се врати законот автомобилот да е трошок на фирмите, во одреден процент, како во вредноста така и кај ДДВ. Тоа моментално би го заживеало пазарот – заклучи Јанковиќ.