ЛДП: Ставрески да покаже зрелост и признае дека македонската економија е урнисана

Од:

ЛДП е загрижена за серијата негативни извештаи од страна на светските релевантни институции кои упатуваат на тоа дека македонска економија се повеќе и повеќе се доближува до дното. За жал,велат, веќе не е потребен никаков извештај или прес конференција за да се констатира лошата економска состојба во земјава. Граѓаните од ден на ден се потешко и потешко живеат, односно преживуваат и тие точно знаат во каква економска ситуација се наоѓаат.

Потсетија дека на 25.05.2013година, агенцијата „Standard & Poor’s“, кредитниот рејтинг на Македонија го намали за едно ниво. Со тоа се потврди дека Владата има неадекватни контролни механизми поради што има зголемување на скриените трошоци на јавните инвестиции како и дека постојано вложувањата се непродуктивни.

На 13.06.2013 година, Светска банка во својот полугодишен извештај објави дека повеќе од 20% од работноспособните а во Македонија се невработени. Покрај другото во извештајот се истакнува дека нашата економија е заглавена и ограничена од страна на високите фискални дефицити.

„Тенденцијата на поразителни извештаи и понатаму продолжува.Европската статистичка канцеларија- Еуростат, вчера излезе со податоци дека Македонија е трета по ред најсиромашна земја во Европа.Од друга страна, министерот за финансии продолжува, суетно, да ги негира сите негативни извештаи од релевантните институци, одговарајќи со цинизам и иронија без нималку самокритичност. Потсетуваме, дека во една од овие институции, Светска банка, министерот Ставрески ја градел кариерата, и веројатно знае дека во најмала рака, професионално е ваквите извештаи, кај него, да предизвикаат чувство на одговорност а не да се негираат“, рече Дејан Блажески.

ЛДП бара од министерот Ставрески и Владата да покажат зрелост и конечно да имаат доблест да признаат дека македонската економија е урнисана а стандардот на граѓаните катастрофален.
ЛДП го прашува министерот Ставрески и Владата дали оваа трета по ред најсиромашна земја во Европа, рангирана од Еуростат, е нашата Македонија, онаа истата земја на која и ветуваа економска преродба просперитет, висок стандард на граѓаните, искоренување на сиромаштијата и партнерство во европското семејство.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ