ЛДП: Ставрески да не се однесува како маркетинг- агент од банкарскиот сектор

Од:

Либерално демократската партија,  потсетува дека повеќе пати  укажувала  дека оваа Влада наместо економска и развојна, води  кружна кредитна политика, односно со нови задолжувања ги враќа старите долгови, со шт0, велат,  од ден на ден, Македонија,  се повеќе влегува во таканаречената спирала на неликвидност.

„Ако некои економски погрешни одлуки ги разоткрива времето, Ставрески се разоткрива самиот себе. Еве што  изјави вчера (цитирам): “ Со еден нов заем ќе се враќаат долговите догодина. Со ова задолжување Македонија нема да стане ризично задолжена земја, бидејќи навреме ги отплаќа кредитите и другите обврски. “ ова е уште една потврда дека Македонската економија функционира врз принципот на револвинг кредит и претставува срамно и поразително признание за oчајноста на македонската т.н кредит – економија.  На Ставревски ова не му е прв пат да го промени ставот.Ретерираше за растот, за дефицитот, за инфлацијата, за долгот кон стопанството.Очигледно за се има погрешни предвидувања и проекции“, изјави Дејан Блажески.

За ЛДП, загрижувачки е и тоа што повторно најголем дел од овие средства ќе се користат за покривање на буџетската дупка, а многу малку за подршка на стопанството. Очигледни се , велат, намерите на Владата, повратот на ДДВ и зголемување на буџетскиот дефицит до 3,5 отсто од БДП за оваа и наредната година, да го финансира со нови задолжувања на земјава, тоа е вкупно над половина милијарда евра ново задолжување до крајот на 2013 година, и станува повеќе од јасно дека долго криениот долг кон стопанството е само параван позади кој се крие оваа Влада, со цел да продолжи со задолжувањето за финансирање на нејзита популистичка предизборна агенда.

„Но непродуктивните трошења на владата веќе во целост се демаскираа. Повеќе од јасно е дека доколку претходно позајмените средства беа соодветно инвестирани, денес инвестициите сами од себе ќе почнеа да се исплаќаат. Логично е да заклучиме, дека Владата прави само нови задолжувања, нови непродуктивни трошоци но не и нови капитални ивестиции, што е сериозен економски проблем кој во никој случај не може да генерира раст. Ако, пак, се земе предвид дека каматните стапки на позајмените средства растат побрзо од стапката на раст на БДП, илузорно е да се очекува подобрување на состојбата и било каква економска оправданост за позајмувањето“, укажува ЛДП.
„За илустрација ,само за еден дел од непродуктивните трошења, според проценката на Меѓународната мисија на организации кои работат на полето на слободата на медиуми,Владата троши околу 1,5% од Буџетот на рекламирање.За разлика од Македонија, во Велика Британија толкав процент изнесуваат вкупните трошоци за болничка грижа за повредените во несреќи и кризни ситуации или  за исплаќањето на  детски додатоци. Загрижувачки е и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава во кој Комисијата констатира дека Владата води лоша фискална политика , односно ја намалила транспарентноста во државните трошоци и ги проектирала приходите на нереална основа“, вели Блажески.

ЛДП го повикува министерот за финансии Ставрески да престане да се однесува како маркетинг- агент од банкарскиот сектор и да не ја замајува јавноста со изјави кои наликуваат на рекламините капањи наменети за банкарските кредити, туку ведаш да  преземе  кокретни економски мерки за развој на стопанството и економијата.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Во спортот нема национализам и расизам, Даку да се извини за навредите насочени кон Македонците

ЛДП: Мерката на Мицкоски за реорганизација на здравството е уште една од нашите „позајмени” програмски определби

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења

Билјана Јаневска поднесе оставка од сите функции во ЛДП

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов