ЛДП: Прогресивниот данок е грешка, веќе наредната година ќе се увиди дека чекорот е непродуктивен

Од:

Либерално демократската партија не го поддржа воведувањето на прогресивен данок, иако се дел од владината коалиција. Тие истакнуваат дека со зголемувањето на даноците се прави грешка.

„Собранието вчера, без поддршка од ЛДП ги усвои измените во даночниот систем со воведување на прогресивен данок и оданочување на доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќи и друг доход да се врши со примена на единствена даночна стапка од 15 отсто.

Оваа политика беше најавена во програмата на Владата, но е спротивна на долгогодишните програмски залагања на ЛДП за рамен данок и пониски даночни стапки.

Заедно со бизнис заедницата, со претприемачите, со информатичарите, со уметниците, со лекарите, со професирите, со креативните творци во нашето општество укажувавме дека ова е погрешен чекор. Мнозинство во коалицијата денес направи грешка.

Ќе продолжиме да се бориме за нашите либерални постулати. Македонија мора да биде конкурентна, Македонија мора да стимулира креативност, Македонија мора да биде привлечна за странски инвестиции. Не смееме да дозволиме одлевање на капиталот и инвестициите од Македонија, особено во соседните земји кои нудат поконкурентни услови.

Ќе ги следиме економските показатели и веќе наредната година кога ќе се увиди дека денешниот чекор е непродуктивен, ќе инсистираме, Собранието да ја врати политиката на рамен данок и на ниски оданочувања“ се вели во соопштението на Либерално Демократската Партија.

Би можело да ве интересира

Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ

Зајкова: ЛДП ќе продолжи да се бори за носење на законски решенија кои вистински ги решаваат проблемите на граѓаните

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници и регулирање на работата на другите социјални мрежи

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

Горан Наумовски

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата