ЛДП: Премиере, граѓаните не веруваат во приказни од типот „Шехерезада и 1001 ноќ“

Од:

„Додека владиниот врв му оддава почит на светскиот шарлатан Субрата Рој, обвинет и дискридитиран во својата земја, прилагодувајќи и нудејќи му ги законите, државното земјиште и скопскиот плоштад, жителите на Љубаништа стравуват од експропријација, а МПЦ е под огромен притисок поради одземање на имотот кој е во нејзина сопственост“, изјави на прес конференција Дејан Блажески од ЛДП.

Посочи дека, додека во Индија му ги блокирале банкарските сметки и му истекувало времето на слобода, премиерот и министерот за финансии го дочекувале со најголеми почести наградувајки го со кредит за купување на хотел на охридската ривиера.

dejan-blazevski-press15maj

Пред девет месеци Субрата Рој со кредитот од баникте во Македонија, го купи хотелот Славија Спектар и заедно со министерот ставрески и неколку владини претставници ветија дека за половина месец тука ќе дојдат врвни архитектите и инженери кои ќе започнат со подготовките за реализација на проектот Сахаријан Македонија.

До ден денес, рече Блажески, не дојде ниту архитект, а уште помалку почнареализац ија на проектот.

Овај објект, рече, се претвори во ругло и дава грда слика на езерскиот брег со што само се дооуништи и онкака катастрофалната туристичка сезона.

ЛДП ги прашува премиерот и Владата, дали со ваквото однесување сѐ уште мислат дека граѓаните се наивни и веруваат во приказни од типот „Шехерезада и 1001 ноќ“, или пак со афинитетите кои ги покажуваат кон спорните „пустинските“ компании и инвеститори несвесно признава дека животот во земјава се повеќе личи како оној во пустина?

На македонската јавност, рече Блажески, веќе и е јасно дека зад ликот на Субрата Рој се кријат потписите на новите македонски олигарси.

„Повеќе од јасно е дека патувачките роуд шоуа на Премиерот и целата свита промотори, доживеаа невиден дебакал, а од друга страна премногу ги чинат граѓаните и Буџетот на РМ. Во секоја сериозна и демократска земја кога се трошат средства од буџетот, на анимирање и подршка на ваков профил на инвеститор, кој евидентно е ноторно промашување, се сноси одговорност“, рече Блажески.

Би можело да ве интересира

Мишиќ: Итни и конкретни чекори за безбедни улици сега, не утре

А1он

Јакимовски: Итно затварање на скопската Зоолошка градина и одговорност од надлежните

Собраниската Комисија за транспорт не го усвои амандманот на пратеничката Зајкова за преполовување на месечниот надомест на членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти од 41.900 на 22.500 денари

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Меѓународна канцеларија на ЛДП: Додик да се стави на црна листа во Македонија

Зајкова по преземањето на претседателството на ЛИБСЕЕН: Целосна и безусловна интеграција на Југоисточна Европа во ЕУ

А1он