ЛДП: Неодговорното однесување на власта доведува до скапиот увоз на струја

Од:

„АД „ЕЛЕМ“ повторно распиша оглас за увоз на околу 22.000 мегават часови електрична енергија кои треба да обезбедат снабдување на мали компании и домаќинства до крајот на јануари. Ова за неполн месец е шести увоз на струја. РЕК Битола не работи со полн капацитет и покрај прескапите ремонти, како и поради лошото одржување. Исто така, не работат ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино.

Власта, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, веќе долги години води катастрофано лоша енергетска политика. Континуирано пропаѓаат тендери за изградба на повеќе хидросистеми, како што се Чебрен, Галиште, Бошков мост и низа други. Гасификацијата се одвива несфатливо бавно. Не се инвестира во искористување на енергија од обновливи извори, иако Македонија има повеќе од 270 сончеви денови годишно.

Либерално-демократската партија во повеќе наврати ја повикуваше оваа влада во заминување, наместо во низа непродуктивни и екстремно скапи проекти како што се тн. ‘барокни’ фасади, панорамско тркало, т.н. ‘жални врби’ и низа други бесцелни проекти, да инвестира во енергетскиот сектор за да се намали увозот на електричната енергија.

Владата не ги почитува ниту своите стратешки документи кои се усвоени во 2010-тата година, пред се’, Стратегиите за развој на енергетика и искористување на обновливите извори на енергија, каде што во сите можни сценарија недвосмислено е предвидено дека треба да се инвестира во домашно производство на електрична енергија и во искористување на обновливи извори на енергија за да се намали увозот.

Скапиот увоз на струја во мошне краток период наскоро ќе го осетат и граѓаните во своите сметки за јануари, а ако вака се продложи истото ќе се повторува и во сметките за наредните месеци.

Новата влада, која наскоро ќе се избере и во која ќе учествува и ЛДП, ќе посвети многу поголемо внимание на инвестиции во енергетскиот сектор“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ

Зајкова: ЛДП ќе продолжи да се бори за носење на законски решенија кои вистински ги решаваат проблемите на граѓаните

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници и регулирање на работата на другите социјални мрежи

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

Горан Наумовски