ЛДП: Mакедонската економија се наоѓа на работ на амбисот

Од:

„Во месецот кога поскапе струјата за цели 10%, парното за 4%, а цените на бензините се вивнаа до небо, Никола Груевски ја замајува јавноста со медиумски препукувања и надмудрувања со коалициониот партнер ДУИ“, реагираат од ЛДП.

ЛДП укажува дека со повисоките цени на струјата, и горивата почна да се одмотува инфлаторната спирала со секојдневни поскапувања на прехрамбените продукти и основните животни трошоци.

„Груевски веќе седум години се фали со покачувањето на платите и пензиите, ако се земат во предвид поскапувањата во изминативе шест години, период во кој платите останаа исти, на струјата за 123 надсто, на прехрамбените производи за 280 надсто на бензините до сега на 40%, станува сосема јасно дека платите и пензиите се повеќекратно обезвреднети, а куповната моќ на граѓаните е доведена на најниско ниво. Само за илустрација, во 2006 година, цената на скапата струја изнесуваше 2,4 ден за кwc, денес 4,8 ден kwc, на ефтината 1,2ден која денес за жал веќе ја нема. Цената за килограм шеќер во 2006 година изнесуваше 32 ден сега 50 ден., цената на литар масло за јадење од 55 порасна на 90 ден, а се најавува дека токму во сезоната на подготовка на зимница ќе достигне до 120 ден. за литар. Наскоро се очекува цената на месото да се зголеми за 20-25% со што месото, кое и досега за голем број на граѓани е луксузен производ ќе им стане недостижно“, вели Роза Топузова Каревска.

ЛДП посочува примери од соседните земји за конкретни, сериозни мерки за ублажување на кризата. Српската влада ја врати ефтината струја, се откажа од акцизата на бензините, ги зголеми двојно субвенциите на млекото и обезбеди во стоковите резерви пченка за домашните потреби за една година.

„ Немајки капацитет да се справи со очајната економска состојба, премиерот се затскрива зад т.н. независна Регулаторна комисија,патем на чие чело седи висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ, зад светската криза, зад поскапувањата на светскиот пазар , овде сакам да потсетам дека во последниов период има пад на цената на нафтата на светскиот пазар, а најмногу се затскрива зад опозицијата.За жал нашата влада и премиерот живеаат во виртуелниот свет на нивните реклами, опкружени со бронзени, мермерни и позлатени скулптури. Ако веќе Груевски, целосно се оглушува на укажувањата кои повеќепати му ги упатуваме , ЛДП го повикува барем да го чуе очајниот апел од осиромашениот народ, од кој целосно се оддалечи, и веднаш да престане со непродуктивните трошења на народните пари, да се зафати со решавање на кризата, зошто македонската економија се наоѓа на работ на амбисот“, велат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: ЛДП ќе продолжи да се бори за носење на законски решенија кои вистински ги решаваат проблемите на граѓаните

ЛДП: Забрана на Тик-Ток за малолетници и регулирање на работата на другите социјални мрежи

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа

Горан Наумовски

ЛДП: Забрана на Тик Ток и контрола на содржината на социјалните мрежи за поголема онлајн заштита на децата

ЛДП: Наместо „празни“ интерпелации, ДУИ да го поддржи нашиот предлог за намалување на банкарските провизии

Горан Наумовски