Латиноамерикански држави против упатување помош од ММФ за Грција

Од:

Единаесет држави од Латинска Америка одбија да поддржат одлука на ММФ за понатамошно давање помош за Грција, бидејќи сметаат дека постои ризик парите никогаш да не бидат вратени.


Воздржаноста на тие држави од одлука на ММФ во јавност ја изнесе претставникот на Бразил во светската финансиска институција Пауло Ноугера Батиста.


– Неодамнешните случувања во Грција потврдија некои од најлошите стравувања. Спроведувањето на програмата за реформи речиси на сите нивоа, не е на задоволително ниво, нагласи Батиста.


Тој упати критики за одлуката на ММФ да одобри транша помош за Грција од 1,7 милијарди евра.


Батиста смета дека тој износ од вкупната сума од 28,4 милијарди евра кои досега Грција ги доби од ММФ, Атина нема да може да ги врати доколку изостане поддршка од останатите членки на еврозоната. Тој притоа укажа на извештај од ММФ во кој се вели дека доколку реформите во Грција не бидат спроведени и европските влади повлечат своја поддршка, тогаш капацитетот на Атина за враќање на средствата во Фондот најверојатно, нема да биде доволен.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски