Лансирана првата интерактивна и едукативна веб платформа за е-трговија – „E-commerce4All“

Од:

Со цел едукација на населението, зголемување на конкурентноста на е-трговците, како и уште поголем раст и развој и промоција на е-трговијата во нашата земја, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, денеска ја промовираше првата бесплатна и интерактивна веб платформа за е-трговија „E-commerce4All”.

– Веб платформата, преку едноставен и брз пристап, ќе им овозможи на сите потенцијални и постоечки е-трговци на едно место да стигнат до потребните информации за започнување и правилно водење на една е-продавница, вклучувајќи ги клучните аспекти во синџирот на е-трговијата како што се: регулатива, испорака и е-плаќање, наведоа од АЕТМ.

Од Асоцијацијата посочија дека платформата „E-commerce4All“ директно ќе промовира и успешни приказни од областа на е-трговијата, ќе помогне во справување со сивата економија во е-трговијата и транспарентно ќе ги прикаже сите сертифицирани е-трговци кои ги исполнуваат сите услови според регулативата во нашата земја.

– Платформата ќе содржи пет модули кои ќе се градат и промовираат одделно во различни фази на проектот. Со денешното лансирање на веб платформата се промовира и првиот модул кој се однесува на регулатива за е-трговија во С. Македонија и содржи сеопфатни прирачници за состојбата со е-трговијата во нашата земја, информации за основање на компанија која работи со е-трговија – односно податоци што секој е-трговец задолжително треба да ги знае, образложија од АЕТМ.

Веб платформата „E-commerce4All“, која е прилагодена за користење преку веб и мобилен уред, е достапна на следниот линк. Сите заинтересирани физички или правни лица, можат бесплатно да се регистрираат и да започнат со користење на истата.

– Овозможувајќи и олеснувајќи го пристапот кон сите информации кои се потребни за основање и водење на еден е-бизнис, не само за оние кои веќе имаат своја е-продавница, туку и за оние на кои им е неопходна оваа едукација за полесна адаптација на тековните трендови, АЕТМ активно учествува во создавање на услови за развој на заедницата во полето на е-трговијата. Се надеваме дека оваа веб платформа ќе им биде од голема корист на сите нови и постоечки е-трговци и ќе им служи како информативен центар за олеснување на нивното работење, вели Марија Ристовска, проект менаџер во АЕТМ.

Од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, истакнаа дека се стремат кон инклузивна е-трговија, а преку оваа веб платформа која е дел од иницијативата „E-commerce4All”, имаат за цел да креираат иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Северна Македонија.

Развојот на оваа бесплатна едукативна платформа е поддржан и од Царинска управа, Фонд за Иновации и Технолошки Развој, како и сите членови на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Би можело да ве интересира

Македонците во странство потрошиле пола милијарда евра, онлајн најмногу се купува на „Букинг“ и „Виз Ер“

A1on

Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

A1on

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022

Ана Ололовска

Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци

Ана Ололовска

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Ана Ололовска