Лагард : ММФ не е вреќа со пари само за Европјаните

Од:

Главната директорка на меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард повтори дека средствата кои државите ги уплаќаат во фондот не се вреќа со пари наменети (исклучиво) за Европа, туку припаѓаат на сите негови членки.

-Средствата кои ги имаат издвоено многу, многу држави во светот, не се подарок или субвенција. Тие и понатаму се дел – резерви на државите членки, потсети Лагард и додаде дека „средствата можат да се користат само како помош во крајна нужда и не се доделуваат само во некој посебен дел на светот. Тоа не е голема вреќа наменета само за Европа“.

-ММФ има 188 членки и никој не е имун на тешката криза. Мојата должност е да создадам услови да ги задоволиме потребите на земјите со низок и просечен приход, земјите со стопанства во нагорна линија како и развиените земји. ММФ е тука за сите“.

Лагард во својот говор предупреди и на јакнењето на протекционизмот.

– Последниот извештај на светската трговска организација навистина загрижува бидејќи покажува пораст на протекцинистичките мерки кои „тивко“ се носат“, рече Французинката.

Би можело да ве интересира

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка