Лагард: Грција треба да ја забрза борбата со даночните должници

Од:

Генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард повторно апелираше до Грција да ја забрза борбата со даночните должници, за која смета, дека се уште нема реални резултати во таа насока.

– Грција ги има сите квалитети за да си ја определи судбината, европските партнери покажаа дека ја поддржуваат и дека ќе го прошират нејзиното финансирање ако тоа е потребно, но под услов ако Грција се придржува до преземените обврски, изјави Лагард во интевјуто за атинскиот весник „Етнос“.

Таа наведе дека во 2012 година економската програма на грчката Влада не била реализирана поради политичката несигурност во земјата, додавајќи дека сега има колективна политичка волја за нејзина реализација.

ММФ неделава деблокира две транши за помошта за Грција во висина од вкупно 3,2 евра кои беа замрзнати неколку месеци поради огромниот долг на Атина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он