Кузеска: Со СДСМ неколку пати поголеми плати и пензии од времето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Со СДСМ Македонија прерасна во земја фактор на стабилност, кредибилен партнер, со позитивна економска клима која отвара врати за поголеми инвестиции и нови работни места. Во изминатиот период на кризи и големи предизвици, покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани и со одговорни мерки и системски решенија Владата предводена од СДСМ, овозможи континуиран раст на платите и на пензиите рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Минималната плата од овој месец се зголемува на 20.175 денари. Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 8.900 денари, а во текстилната кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари. Тогаш, нашите граѓани беа претставувани како евтина работна сила. Од 2017 година досега минималната плата е зголемена за 11.375 денари. Постојано расте и просечната плата, која се искачи на 34.364 денари, од 22.445 денари, колку што изнесуваше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.За пет години просечната плата во државата е покачена за 44 отсто. Согласно новата методологија, пензиите од месец март се зголемуваат за 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија се зголемува за околу 1.500 денари на 19.150 денари. Просечната пензија од јануари 2016 година до јануари 2023 година е зголемена за над 35 отсто, односно од 13.076 денари на 17.666 денари рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во над 40 општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ речиси и да нема ниту еден капитален проект

Ана Ололовска

СДСМ: Скопје е во хаос, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска не работат ништо

Ана Ололовска

СДСМ: После сите скандали Милошоски да си даде оставка

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски делува како анти-НАТО и анти-ЕУ политичар

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ косење трева 1,5 милиони евра поскапо од лани

СДСМ: Срамна е хајката која ВМРО-ДПМНЕ преку Ковачки ја води против Петровска