Кузеска: ММФ ја потврди успешноста на економските мерки и политики на СДСМ

Од:

Уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ дојде од Меѓународниот монетарен фонд. ММФ ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа 2023 година вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Со преземените мерки и политики во изминатиот период, македонската економија во тешки услови на глобална економска и енергетска криза и нарушени синџири на снабдување, е отпорна и остварува раст. Исто така инфлацијата во земјава продолжи да се намалува. Во септември инфлацијата падна на 6,6 проценти, што се должи на мерките преземени од Владата предводена од СДСМ во изминатиот период. Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци и таа ќе продолжи да опаѓа. 11 последователни месеци инфлацијата се намалува и тој тренд ќе продолжи до крајот на годината, кога се очекува да се спушти под 5 отсто. Наредната година инфлацијата да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он