Кунг Фу борба

Од:

Економист – Лондон

Обвинувањата се како „фантазија од романите со боречките вештини за претепување на лошото момче“. Така почнува изјавата од Фаундер груп, инвестициска фирма која е во сопственост на Универзитетот во Пекинг, со која таа ги брани своите чекори во еден од најгорчливите спорови кој ги тресе кинеските финансии во последниве неколку години. Стигнаа и до молење до властите за да го исчистат нејзиното име: „Објавете ја вистината до светот што е можно поскоро!!!“

Десет дена подоцна, на 4 јануари, претседавачот на Фаундер, претседателот и извршниот директор беа притворени како дел од официјална истрага. Фирмата веднаш именува нов одбор на членови за да ги замени. Властите исто така замрзнаа повеќе од 1,7 милијарди јуани (285 милиони долари) од сметките на Фаундер во банките.

Другите вмешани во спорот се Пекинг Зенит, не многу присутна во јавноста приватна холдинг компанија. Двете спореа околу Минзу сикјурити, брокерска фирма која Зенит и ја продала на Фаундер. Од Зенит велат дека Фаундер не платиле или не им дале место во управниот одбор на Фаундер, нешта кои ги ветиле; тие бараат три милијарди јуани за компензација. Но Фаундер груп, компанија подржана од државата и со годишен обрт од 68 милијарди јуани од различни бизниси, како што се финансии, здравство и технологии, е онаква фирма која малкумина кинези ќе се осмелат да и се спротивстават.

Во тој контекст, спорот го потенцира постепеното правно созревање на кинекиот финансиски систем. Помеѓу Зенит и Фаундер постојано фрчат тужби. И двете исто се заканија дека ќе ги тужат кинеските медиуми заради наклонетост, што е новост во земја каде вообичаен метод за справување со штетните обвинувања во медиумите е поткупување на новинарите за да замолчат. Следниот голем датум во спорот е 21 јануари, кога Фаундер закажа состанок на акционери за да решат дали да назначат директори во одборот назначени од Зенит, што е потенцијален предлог за помирување. Восхитува тоа што ваква безмилосна борба почнува да се смирува, барем делумно, според одлуките кои се објавуваат.

Но излегува дека на сцена се присутни и подлабоки и покаприциозни сили. Неколку кинески новински организации предлагаат властите да го гонат Ли Ју, сега веќе порашениот сопственик на Фаундер, не само заради некаков комерцијален спор, туку повеќе заради неговите наводни врски со Линг Јихуа, поранешно службено лице кое е сега под истрага заради корупција. Ова е потсетник дека политичките тенки линии одат директно низ срцето на кинескиот финаисиски систем, и дека завршувањето на погрешна страна може да доведе до катастрофа.

Странски инвеститори исто ја учат таа лекција на кинескиот пазар на недвижности. Каиса, градежна фирма со седиште во Шенжен, може наскоро да стане првата кинеска градежна фирма која ќе банкротира заради неизвршување на обврските. Овој месец тие не отплатија камата на заем и се сега ставени во грејс период. Минатиот месец не исплатија заем од ХСБЦ, големата странска банка.

Одамна постои загриженост за балонот со недвижностите во Кина, но проблемите на Каиса немаат никаква врска со тоа: нивната финансиска состојба беше добра се додека нејзиниот претседател ненајавено не си даде оставка во декември, па влада сопре некои нејзини проекти, а банките замрзнаа дел од сметките со што сопреа операциите на фирмата. Оттогаш дознавме дека Каиса била цел на обвинувања заради врски со локален службеник обвинет заради корупција.

Инвеститорите сега со сомнеж им се закануваат на сите кинески фирми со недвижности. Сумите на нивните долгови скокнаа и се одлага издавањето на нови заеми. За компаните нема лесен начин да потврдат дека се безбедни од истрага. Неделава, Кени Чен, главен финансиски службеник во Тајмс проперти, развојна фирма од Гванжу, се шегуваше во соба полна со инвеститори дека можеби нон-стоп со себе ќе почне да носи ГПС направа. На овој начин тие ќе можат да го следат секој негов чекор, и да бидат сигурни дека нема ненадејно да биде спроведен во соба за истраги.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски