„Кромберг и Шуберт“ од утре времено запира со работа

Од:

Фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“ во Битола, од утре времено запира со работа.

Прекинот на производството ќе се одвива 14 дена, по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија, изјавија од Секторот за човечки ресурси на фабриката.

Дистрибуцијата на производи за Шпанија е прекината пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија.

-Производствтото целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде се транспортира целото наше производство ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука. Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука. Дистрибуцијата на производи за Шпанија ја прекинавме пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија, посочија од секторот за човечки ресурси на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски