Криминалците заработуваат 870 милијарди долари годишно

Од:

Прометот на меѓународниот организиран криминал изнесува 870 милијарди долари годишно, што е шест пати повеќе од обемот на официјалната помош на ОН за развој, соопшти Управата на ОН за борба против наркоманијата и криминалот (УНОДЦ)

Тоа е 1,5 отсто до светскиот бруто општествен производ  или седум отсто од обемот на светскиот увоз.

Запирањето на оваа транснационална закана е еден од најголемите светски предизвици за меѓународната заедница, нагласи извршниот директор на оваа агенција на Он Јуриј Федотов, пренесоа светските агенции.

УНОДЦ во соопштението наведува дека организираниот криминал секоја година создава милиони жртви, а само во трговијата со луѓе има 2,4 милиони жртви.

Според податоците на УНОДЦ, обемот на трговијата со наркотици достигнува 320 милијарди долари.

Според податоците на Управата, шверцот на криминалците им донесува 250 милијарди долари годишно, а на трговијата со луѓе се заработуваат 32 милијарди долари.

Според оценката на УНОДЦ, од нелегалното префрлање на мигранти криминалците заработуваат седум милијарди долари годишно, од прометот со дрвена граѓа само во југоисточна Азија 3,5 милијарди долари, а од нелегалната продажба на слонова коска, рогови од носорог и делови од тигри околу 75 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун