Кралската банка на Шкотска казнета со 612 милиони долари

Од:

Една од најголемите банки во Велика Британија, Кралската банка на Шкотска, ќе плати казна во износ од 612 милиони долари поради местење на основната каматна стапка, ЛИБОР, како и поради финансиски измами во Јапонија.

Првите луѓе на Кралската банка на Шкотска признаа дека постоеле сериозни недостатоци во внатрешната контрола, како и дека со причина е доведен под знак прашање интегритетот на помал број вработени во банката.

– Ова е тажен, но и значаен ден за нашата банка, бидејќи продолжуваме да ги исправуваме грешките од минатото, изјави претседателот на управниот одбор на банката Филип Хемптон.

Истрагата покажа дека од 2006 до 2010 година, а можеби и порано, над десет вработени во филијали на Кралската банка на Шкотска во Лондон, Сингапур и Токио манипулирале со каматата за меѓубанкарски понуди на лондонската берза ЛИБОР, која влијае на цената на илјадници милијарди долари кредити низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Независноста може да ја чини економијата на Шкотска 11 милијарди фунти годишно

Ана Ололовска

Брегзит може да предизвика загуба на 80.000 работни места во Шкотска

Ана Ололовска

Може ли биткоинот да стане официјална валута на Шкотска?

Ана Ололовска

Лондон не ја дава фунтата на независна Шкотска

Ана Ололовска

„Шел“ бара од Шкотска да остане во Велика Британија, а Британците да не ја напуштаат ЕУ

Емир Латифовиќ