„Крајслер“ ќе почне да котира на Њујоршката берза

Од:

Американската автомобилска индустрија „Крајслер“, чиј мнозински сопственик е италијанската групација „Фиат“, до Федералната комисија за хартии од вредност и берзи на САД достави барање за отпочнување на трговија со нејзините акции на Њујоршката берза.

Како што јави американската телевизија Си-Ен-Би-Си, предвидено е за тргувањето со акциите на „Крајслер“ да биде одговорна најголемата американска инвестициска банка „Џеј-Пи Морган Чејс“.

„Крајслер Груп“ се најде работ на банкрот за време на економската криза во 2009 година, но успеа да опстои благодарение на помошта од владите на САД и Канада. Во јули 2011 „Фиат“ стана мнозински сопственик на „Крајслер“, кој покрај возилата под овој бренд ги произведува и моделите „Доџ“, „Џип“, „Рам“, „Мопар“ и Ес-Ер-Ти.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on