Ковачевски во Александрyполи: Со стратешки проекти инвестираме во енергетска независност

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски се обрати на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи, Грција.

Премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис, претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во своите поздравни обраќања ја потенцираа важноста од овој мега енергетски проект.

На свечената церемонија присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, како и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

„Ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енергетиката. Ова е проект за долгорочна енергетска независност и за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време. Заедно со гасната централа за производство на електрична енергија, како втора фаза од овој голем проект, се обезбедува електро-енергетски капацитет со најсовремена технологија за производство и снабдување со електрична енергија.

Тоа значи обезбедување на капацитети во електроенергетскиот систем во регионот за стабилно снабдување со електрична енергија. Северна Македонија, во овој проект учествува со договор за резервација за одреден капацитет за течен гас од Терминалот во Александруполи“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

„Во тек се и подготовките коишто ќе овозможат и наше директно вклучување во изградбата на гасоводот со што нашата земја ќе биде поврзана со овој значаен енергетски капацитет. Со интерконекторот во Грција, кој е во фаза на реализација, ја заокружуваме сета потребна инфраструктура за да се заврши и секундарната гасна мрежа која ќе го донесе гасот до граѓаните и стопанството во Северна Македонија.

Обезбедувањето на природен гас како енергенс за компаниите и домаќинствата ќе доведе до намалени трошоци, но и до намалување на загадувањето и заштита на животната средина, односно подобри услови за живот на граѓаните во Северна Македонија. Користењето на нови извори на енергија и замена на јагленот со гас е еден од нашите најважни стратешки интереси.

Гасниот терминал во Александруполи е од огромно значење за регионот и од аспект на диверзификација и поголема сигурност во снабдувањето со природен гас со отворањето на овој дополнителен гасен коридор. Јужниот коридор ја намалува зависноста од досега единствениот канал на доток на гас од Русија“, изјави премиерот.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ