Ковачевски: Силна поддршка од САД за регионалните економско-енергетски иницијативи

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски во пресрет на свечената церемонија на започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александруполи, оствари средба со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат, како и со амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнз.

Како што информираат од Владата, на средбата присуствувале и министерот за животна средина и енергија на Република Грција, Костас Скрекас, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши.

„На средбата со фокус на енергетско-економските иницијативи, премиерот Ковачевски изрази благодарност за севкупната поддршка што Северна Македонија ја добива од САД во континуитет како и за важноста од стратешкиот енергетски проект за целиот регион.

Ковачевски и Пајат разговараа за важноста од развојот на регионалниот енергетски проект „Александруполи“ со што се отвора можноста за сигурно и безбедно снабдување со природен гас од различни добавувачи, диверзификација на изворите и пат за Северна Македонија и регионот да станат енергетски независни“, соопшти Владата.

„Премиерот Ковачевски ги информираше амбасадорите Пајат и Брнз за актуелните економски процеси во Северна Македонија, за сите актуелни мерки кои Владата ги презема за ублажување на последиците од енергетската криза, предизвикана од воената агресија врз Украина како и за плановите за економски развој на среден и долг рок со фокус на инвестициите во успешна енергетска транзиција.

Амбасадорот Пајат изрази силни заложби за интензивираното стратешкото партнерство, за важноста на денешниот настан на почетокот на изградбата на терминалот за течен природен гас во Александруполи, кој претставува уште еден огромен придонес во јакнењето на регионалната соработка и во градењето на добрососедски релации“, се наведува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ