(ВИДЕО) Ковачевски револтиран од општините кои се пријавиле за поевтина струја: Овие мерки не се за некој да си седи по канцеларии и да си вари кафиња

Од:

Револтиран што за субвенционирана струја општините ги пријавувале и општинските згради, премиерот Димитар Ковачевски денеска објасни дека владините мерки за помош не се за некој да ужива, а друг да не може да сврзе крај со крај. Тој повика за субвенционирана струја да се пријавуваат училиштата и комунални претпријатија.

„Сакам да упатам порака до општините, овие мерки не се за удопство ниту на државната администрација ниту на општинската администрација. Овие мерки не се за некој да седи по канцеларии, да си вари кафиња, да си држи состаноци и да си чита весници. Овие мерки се за граѓаните. Овие мерки не се за некој во време на криза да ужива во удопство, а друг да не може да сврзе крај со крај. И затоа да си поднесат за комунални претпријатија, за снабдување со вода, за средни училишта, да се обезбеди сè она што е потребно за децата и за граѓаните. Во време на криза не се финансира удопство и изобилие, туку се финансира солидарност“, рече премиерот Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска извести дека од 474 јавни основни и средни училишта, за субвенционирана струја од 95 евра за мегават-час се пријавиле само 233 установи. Од 70 комунални претпријатија за водоснабдување и пречистителни станици се пријавиле 50. Министерот Бектеши рече дека за субвенционирана струја се пријавило и Јавното сообраќајно претпријатие.

„Само во Град Скопје, освен ЈП ‘Водовод и канализација’, сакаат и ЈСП да се покрива од страна на државата. Ние сме кажале, овој буџет е на граѓаните и тој ќе се троши за граѓаните да не плаќаат поголеми сметки, а не за некому што не може да направи апликација во рок од две недели, па ние треба да му ги одземеме надлежностите како Влада“, рече министерот Бектеши.

За струја по 80 евра за мегават-час се пријавиле 235 компании од прехранбената индустрија иако ги има околу 1.000.

Министерот Бектеши најави дека од 1 декември Државниот пазарен инспекторат ќе врши зачестени проверки дали компаниите ги намалиле цените за 10 отсто. Рече дека цените на производите треба да бидат намалени кај сите прехранбени компании оти сите имале можност да се пријават за субвенционирана струја. За оние кои нема да постапат по насоките од Министерството за економија, министерот Бектеши рече дека ќе се носат дополнителни мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он