Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Од:

Повеќе за сите се и нашите мерки и политики во земјоделието. Резултатите од тие политики сега ги гледаме. Ова е познат крај и по квалитетното лозјето, убавото вино. Преку мерките и политиките на СДСМ за инвестиции и поддршка го развивме овој сегмент на ниво на национална гордост.” – истакна денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите” во Кавадарци.

“Уште на почеток започнавме со грантови од 10.000 евра за опрема за малите производители на храна и малите семејни винарии, како и со грантовите за поддршка до 5.000 евра за набавка на опрема за малите дестилерии,” порача претседателот Ковачевски во своето обраќање.

Ковачевски потенцираше дека македонското вино денеска е на високото 13 место во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино.

“Ова е нашата голема национална гордост, големо заедничко признание за сите мерки и политики, кои беа преземени во изминатиот период. Девизниот прилив од 2022 година изнесуваше околу 60 милиони евра а успешни резултати бележиме и во првите шест месеци од оваа 2023 година кога вкупниот извоз на вино достигнува вредност од близу 40 милиони евра.” – истакна претседателот Ковачевски.

“Од година во година бележиме зголемување на извозот на вино во шишиња, наспроти извозот на наливно вино, што е уште еден остварен успех. Денеска, вкупниот број на регистрирани винарски визби во државата изнесува 255 винарски визби, што претставува бројка за почит”, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Кавадарци.

Ковачевски од Кавадарци: Донесовме одлука, поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Денеска во Влада се одржа посебна тематска седница за измена на програмата за финансиска поддршка во земјоделство каде во мерката за лозарство по хектар износот на субвенции за 2023 година од 40.000 денари по хектар ја зголемуваме на 52.000 денари по хектар. Тоа е повеќе за сите, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вечерва на трибина Повеќе за сите во Кавадарци.

Донесовме и нова дополнителна мерка за денар плус по килограм за предадено грозје, за што изводјуваме 1 милион евра, додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски