Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање ја отвори меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум“ СЕФФ2022, на тема: „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.
Премиерот Ковачевски во своето обраќање ги истакна приоритети на Владата за справување со предизвиците во услови на најголемата глобална енергетска криза, мерките за ублажување на ценовниот раст и за задржување на ликвидноста на компаниите.
Дополнително, премиерот Ковачевски се осврна и на плановите на Владата за стабилност на економијата и плановите кои се прават на среден и долг рок за економски развој.