Ковачевски: Ќе ги прошириме дејностите на фирмата ќерка ФОД за подобри резултати во кризни услови

Од:

АД ЕСМ планира да вложи напори да се прошири дејноста и обемот на работа на фирмата ќерка ФОД – Фабрика за опрема и делови Новаци, формирана со намена да ги задоволува потребите на РЕК „Битола“, најави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој, како што информираат од ЕСМ, на денешниот состонок со раководството на фабриката ги разгледуваше можностите покрај услугиште што ги пружа ФОД на РЕК „Битола“ и на РЕК „Осломеј“, да преземе и други работни обврски во рамките на двата комбината, како и во другите подружници на АД ЕСМ со цел да се обезбеди повеќе работа за фабриката и да ги зголеми остварените приходи, со што ќе придонесе кон намалување на вкупните трошоците на ниво на целата компанија и остварување подобри резултати.

Исто така, на работната средба се разгледуваа и проекти за различни инвестициски зафати за проширување на капацитетите на ФОД, како и воведување современи практики за намалување на трошоците на производство и за заштеда на енергија.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов спорведен во Кривичен суд