Ковачевски: И во услови на најголемата светска економско–енергетска криза работиме на изградба и реконструкцијата на главните патни делници

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски го презентираа Предлог буџетот за 2023 година. Ковачевски посочи дека со предложениот Буџет за транспорт и врски е развоен со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст, основа за понатамошен развој, што е особено важно во овие услови на најголема економско-енергетска криза.

„За следната година за транспорт и врски имаме развоен буџет, со крупни инфраструктурни и капитални проекти, кои значат поттикнување на економскиот раст, основа за понатамошен развој, што е особено важно во овие услови на најголема економско-енергетска криза во светот.

Предлог буџетот за Министерството за транспорт и врски за 2023 година изнесува околу 324 милиони евра, што е за 135% зголемување од оваа година. Буџетската каса е проектирана за реализација на крупни капитални проекти како што се: Изградба на автопатот на Коридор 8 и Коридор 10Д; Изградба на железница на Коридор 8; Изградба и санација на локални патишта во општините; Гасификација; Изградба и реконструкција на водоводни и канализациони мрежи; Субвенции за нови авиoлинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини“, посочи тој.

И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско–енергетска криза интензивно работиме на изградба и реконструкцијата на главните патни делници во земјата, додаде Ковачевски.

„Во 2023 година продолжува изградбата на автопатите на Коридорот 8, за што се предвидени 244 милиони евра. Регионалното поврзување и соработка е еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна важност за развојот на нашата економија. Очекуваме следната година да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид и веќе во јануари 2024 година да можат граѓаните, сите ние да возиме по тој автопат. Активно продолжува изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, третата лента на патот Паланка-Деве Баир. Во рамки на овој Коридор, наредната година треба да отпочне изградбата на автопатските делници Ќафасан-Струга-Требениште, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово и Коридорот 10Д Прилеп-Битола. Активно ќе се работи и на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, Дреново-Фариш, Скопје-Блаце прва фаза, Битола-Меџитилија и други автопатски делници“, посочи Бочварски.

Појасни дека во рамки на Коридорот 8, со предлог Буџетот за транспорт и врски, 33 милиони евра се предвидени за изградба на железницата на овој Коридор. На крајот на месец октомври годинава го означивме почетокот на изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 низ Северна Македонија – делницата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка и активно изградбата продолжува следната 2023 година. Овој огромен проект отвора нови европски рути за железнички превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и пристаништето Драч во Албанија што е од исклучителна важност за нашата економија, но и генерално за соработката на регионот во целина како и соработката на регионот со други региони во Европа.

И наредната година продолжуваме со темпото на изградба и санација на локални патишта во општините, за што се предвидени над 6 милиони евра, со кои значително се подобруваат условите за живот.

Според надлежните, во новиот Предлог буџет се предвидени 1,7 милиони евра за спроведување на гасификацијата, односно за завршување на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он