Костадиновски во Преспа за да се запознае со штетите кај овошките поради ниските температури

Од:

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска беше во Ресен за да се запознае со штетите кои настанаа кај овошките поради пролетните мразеви.

– Како што можам да видам и да констатирам, неповолната временска состојба која што ја зафати Република Македонија, вклучувајќи го и преспанскиот регион, предизвика штети кај овошните насади, посебно кај јаболката во преспанскиот регион. Неспецифичните временски услови за овојпериод од година придонесоа да се случат вакви штети, посебно кај овошните насади. Навистина жалам за ваквата состојба и можам да кажам дека генерално она што УХМР го најавуваше преку своите стручни лица, преку соопштенија во медиумите и кога ја информираше јавноста, навистина и се случи, изјави Костадиновски и додаде дека ваквата состојба генерално е присутна секаде на Балканот.

Тој потврди дека тимови од МЗШВ се на терен за да ги проверат состојбите.

– Денеска на повеќе места во Република Македонија, во повеќе региони се наоѓаат вработените од Министерство за земјоделсто шумарство и водостопанство, кои вршат првичен увид на состојбата со штетите предизвикани од пролетиот мраз, посочи Костадиновски

Најави дека Владата вечер ќе свика вонредна седница поради штетите предизвикани од ниските теемератури во земјоделството.

– Владата и Министерството ќе бидат во постојан контакт со земјоделците и веќе е закажана вонредна седница на Владата, во вечерните часови. На седницата ќе ја рагледаме состојбата и анализирајќи ги сите податоци со кои располагаме ќе донесеме одредени мерки. Ќе се грижиме и понатам за земјоделците, ќе формираме комисии, кои заедно со локалната самоуправа, ќе направат реална проценка на штетите кои се настанати, не само во преспанскиот регион, туку и во сите региони во Република Македонија. По направените првични проценки ќе постапиме согласно законот, кој ни дава можност да обезбедиме одреден надомест за земјоделците, потенцира Костадиновски.

Нагласи дека годинава се очекувал рекорден род на јаболка, помеѓу 140 и 150 илјади тони, но поради временските неприлики ќе има значително нарушување на планираните количини.

– Оваа штета што ја предизвика мразот ќе има значително влијание и нарушување на плановите кои што ги имавме. Сега за сега имаме само првични информации, со оглед на она што го видовме со увид на терен, и по завршувањето на комплетната проценка од страна на стручните лица, од страна на комисиите ќе имаме целосна слика за она што се случува, рече Костадиновски.

Градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски рече дека ќе инсистира во што поскоро време да се исплатат субвенциите за минатата година за преспанските овоштари.

– Ќе инсистирам до сите надлежни институции и служби во најкус можен рок се исплатат субвенциите за минатата година коишто преспанските овоштари нетрпеливо ги очекуваат заради целата финансиска истоштеност изминатиов период. Исто така, она што го сработивме минатата година на планот на утврдување на штетите од минатогодишниот мраз ќе инсистирам кај надлежните институции да час поскоро исто така се компензираат, односно надоместат, со што на некој начин не би се довело во прашање егзистирањето на преспанските овоштари бидејќи навистина нивната финансиска истрошеност е голема, рече Стрезовски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп