Косовските граѓани, се чини, не ги има зафатено економската криза, затоа што продолжуваат многу да трошат, а тоа најдобро се гледа од податокот дека минатата година потрошиле 220 милиони евра или 20 милиони повеќе од претходната година за телефонски разговори.
Последните податоци од телекомуникацискиот регулатор потврдуваат дека зголемување на трошоците е забележано најмногу во мобилната телефонија, каде сметките се поголеми за 9,94 отсто, додека кај фиксната телефонија за 0,67 отсто.
Според регулаторот, во 2011 година Косовците за телефонски разговори потрошиле 199 милиони евра или 18 милиони евра повеќе споредено со 2010 година, кога трошоците по овој основ изнесувале 181 милион евра, пишува весникот „Коха диторе“.
Овие показатели потврдуваат дека секој косовски граѓанин за телефонски разговори потрошил во просек по 126 евра годишно.