Косовски тур-оператори и новинари ќе ги посетат Охрид и Струга

Од:

Туристичка Македонија, гледана од сосема друг агол, е мотото на промотивното патување што денеска ќе почне и ќе заврши во Приштина, а ќе ги опфати и главните македонски туристички центри Охрид и Струга.

Патувањето го организира Меѓународната канцеларија Инвест Македонија – Албанија и Косово, во соработка со воздухопловното друштво „Реисбиро“ од Приштина, ТАВ Македонија, општините Охрид и Струга, и компаниите „Ер Минхен“, „Скај Експрес” и „Лимак Косово“.

Во турата ќе учествуваат 150 лица, претежно тур-оператори и туристички агенции од Косово, но и медиумски преставници.

Економскиот промотор на Македонија за Албанија и Косово, Фатос Мустафа вели дека патувањето ќе почне од меѓународниот аеродром во Приштина „Адем Јашари“ и патниците ќе слетаат во аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Потоа со отворен туристички автобус ќе ги разгледаат охридските знаменитости, а патувањето ќе го продолжат во Струга.

Туристичките агенции и медиумските претставници од Косово ќе имаат можност да се запознаат со атракциите што ги нудат овие два града, туристичките потенцијали, културните и историските вредности, но и со традиционалното кулинарство.

Предвидени се средби со раководителите на повеќе хотели и туристички организации.

Патувањето со авион ќе заврши каде што и почна, во Приштина.

Целта на Меѓународната канцеларија Инвест Македонија – Албанија и Косово е да се истражат можностите на туристичките бизниси на двете земји и да се воспостави долгорочна соработка.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете