Косово со најголема невработеност во Европа

Од:

Косово е со најголем процент на невеработени во Европа. Ова го потврдува извештајот на Светска банка каде стои дека невработеноста во ова земја е 40 отсто, наспроти тврдењето на Заводот за статистика на Косово дека нивото на невработеност е 30,9 отсто, јави дописникот на МИА.

Кај машката популација, според Светска банка невработеноста е 28,1 додека кај женската 40 отсто, додека нивото на невработенсот кај младата популација на возраст до 24 години е 55,3 отсто.

Економските екпсерти сметаат дека држвата каде невработеноста е околу 43 отсто треба да многу повеќе да се загрижи, зашто не може да се има политичка ако се нема социјална стабилност.

Од Министерството на труд велат дека невработеноста претставува еден од најгорливите проблеми во земјата и потврдуваат дека точна бројка на невработени нема но нивото се движи од 30 до 35 отсто.

– Според наша оценка нивото на невработеност се движи од 30 до 35 отсто, не повеќе иако се шпекулира дека тоа е 45 отсто и повеќе. Сметам дека не е драстично, но имаме проблем со невработеноста на голем број лица кои бараат работа, вели Берта Лужа, портпаролка на Министертвото за труд и социјална благосостојба.

Таа признава дека поради големата невработеност присутна е тенденцијата на напуштање на Косово и заминување во некоја од западно европските земји и САД за обезбедување подобар живот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски