Косово примено во Развојна банка на Советот на Европа

Од:

Вчера во Малта, на состанокот на директорот на Развојната банка на Советот на Европа, Косово е примено како полноправна членка на оваа финансиска институција.

И покрај силното лобирање во Советот на Европа и резолуцијата на пратениците на Германија и Холандија, Косово до сега не успеа да стане член на најстарата унија на европските држави.

Веста на Косово е дочекана како уште една победа во признавањето на независноста во мултилатералната организација.

-Влезот на Косово во Развојната банка на СЕ е резултат на долготрајна работа на Министерството за надворешни работи и повеќето интеракции кои што ги имавме во Советот на Европа последните месеци-ијзави министерот Енвер Хоџај.

Банката е основата во 1956 година и во својата агенда има реформи и дава социјална поддршка на загрозените слоеви, во разни делови на европските држави.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски