КОП27: Јордан и Израел ќе разменуваат струја за вода

Од:

Израел и Јордан денеска на маргините на КОП27 во Египет потпишаа меморандум за разбирање за размена на вода за електрична енергија добиена од соларните електрани.

Меморандумот е дел од идејата, предложена пред една година, Јордан да изгради 600 мегавати соларен капацитет и да извезува електрична енергија во Израел. За ова Израел ќе испрати 200 милиони кубни метри десалинизирана вода во Јордан.

Меморандумот беше потпишан на климатскиот состанок на Обединетите нации во египетскиот Шарм Ел Шеик, настан организиран од Обединетите Арапски Емирати.

Во 2020 година, ОАЕ станаа првата земја од Заливот што ги формализираше односите со Израел и се партнери во овој проект.

Министерството за енергетика на Израел објави дека експерти од двете земји имале состаноци минатата година за да ги координираат финансиските, логистичките и регулаторните аспекти на проектот.

Потпишувањето на Меморандумот ја изразува заедничката желба на земјите да се справат со климатската криза преку прекугранична соработка, објави израелското Министерство за енергетика.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел

Хамас се повлекува од преговорите за примирје во Газа