Контрапротести и закани за АМАН

Од:

Протестите на граѓанската иницијатива „АМАН“ денеска биле попречени од непознати лица, кои одржувале контрапротест пред ЕВН. Тие според АМАН дошле пред Регулаторната комисија за енергетика и се обиделе да им ги одземат транспарентите.

Според Џелал Хоџиќ од АМАН еден од нив се претставил како член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и барал да не протестираат и да се изгубат за 20 минути.

Од „АМАН“ велат дека паркирале џип на тротоарот во близина на Регулаторна комисија, со направени реквизити за контра-протест, а почнале да излегуваат со маски на Радмила Шеќеринска во рацете, кои потоа ги ставиле на главите.

Од друга страна се појавила уште една група од педесетина млади кои биле подготвени за контра-протест.
Тој што барал да се „изгубат“ се претставил како член на УМС на ДПМНЕ.

„На заминување со урлање ни порачаа да пушиме к.. и ред други гадости. Полицијата беше бројна и уредно поставена и од нивниот командир добивме уверување се тука за да не дозволат било каков инцидент. Исто така беа присутни и претставници на ОБСЕ“, велат од АМАН.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

A1on

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

A1on