Конференција за стечај и ликвидација

Од:

Во рамки на ЕУ прокетот за јакнење на административните капацитети за имплементација на правната рамка за стечај и ликвидација на компаниите (СЦБЛ), денеска и утре во Скопје ќе се одржува конференција за стечај и ликвидација.

СЦБЛ го имплементира Министерството за економија со 1,3 милиони евра поддршка од ЕУ, а целта е јакнење на бизнис опкружувањето во Македонија и овозможување на земјата да биде поатркативна бизнис дестинација.

Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат министерот за економија Крешник Бектеши, евроамбасадорот Самуел Жбогар и тим лидерот на проектот Красин Димитров. Се очекува да учествуваат експерти од регионот: Србија, Хрватска, Словенија, како и од Финска кои ќе ги пренесат искуствата на своите земји.

Според СЦБЛ, пристапот на ЕУ, согласно новите трендови, се фокусира на реструктуирање на компаниите наместо на нивно ликвидирање со што, практично, им се дава втора шанса.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата