Конференција за иновативни ИКТ решенија и трендови организира денеска Стопанската комора за информатичка и комуникациска технологија (МАСИТ) во партнерство со твининг проектот „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“ финансиран од ЕУ.
Најавени се обраќања на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, продеканите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Боро Јакимовски и Димитар Ташковски, како и претседателот на Собранието на МАСИТ Драган Чепујноски.
Конференцијата е поддржана од Министерството за економија преку проект од Програмата за поддршка и развој на кластерско здружување.