Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност

Од:

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје денеска организираат конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност.

На конференцијата ќе присуствуваат претставници на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, државните институции и универзитетите, ревизорите и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност.

Конференцијата ќе ја отвори гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, а ќе се обратат претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија Елизабета Чингаровска и главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје Иван Штериев.

Според организаторите, конференцијата претставува значаен меѓународен собир на регионалните влијателни двигатели на пазарите на капитал. За имплементацијата на европските директиви на хрватскиот пазар на капитал ќе говори Петар-Пиере Матек, претседател на Управниот одбор на ХАНФА, Хрватска. „Причините за интерното институционално реструктуирање на турскиот пазар на хартии од вредност“ низ презентација ќе ги образложи заменик-претседателот на Истанбулска берза од Турција, Цетин Али Донмез.

на конференцијата ќе се дискутира и на тема „Каде оди македонскиот пазар на хартии од вредност, кои се идните развојни правци и какво е влијанието на одредени случувања на странските пазари на хартии од вредност и нивните рефлексии во Република Македонија“.

Официјалниот дел од втората заедничка конференција на овие три институции ќе биде заокружен и со доделување на наградата за најтранспарентни котирани акционерски друштва за 2013 година – „Кристално ѕвоно“ и награда за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска